Пет бизарни факти за Виктор Иго: Пишувал целосно гол, бил зависник од секс

Фото: Wikimedia/ Victor Hugo

Францускиот романсиер Виктор Иго, кој починал на денешен ден во 1885 година, е најпознат по книгите „Клетници“ и „Богородичната црква во Париз”. Сепак, тој имал многу различен живот од она што може да се очекува од неговото творештво. Важи за еден од најуспешните писатели во светот, кој бил и многу успешен уметник, направил илјадници илустрации, а поминал 15 години во егзил во време на владеењето на Наполеон.

Но, постојат неколку податоци кои можеби досега не сте ги знаеле за животот на Виктор Иго.

Бил зачнат на планина

Неговите родители, Леополд и Софи, биле во посета на планината Донон, на 1000 метри надморска височина кога, всушност тој бил зачнат. Татко му често му ја раскажувал приказната за зачнувањето. Според Леополд, уникатноста на неговото зачнување придонело и до посебноста и талентот на неговиот син. Денес постои камена плоча на истиот врв на точната локација на зачнувањето на Виктор Иго.

Пишувал целосно гол

Кога бил повозрасен Виктор Иго нашол трик што му помагал да не заостанува со пишувањето. Ако почувствувал дека се соочува со авторски блок и не му доаѓале идеи што да пишува, од слугите барал да го соблечат и да му ја земат облеката, а потоа да го остават во собата сам и да не го вознемируваат. Облеката му ја враќале дури откако ќе завршел со пишување, а ако му застудело тогаш барал да му донесат само ќебе.

Било сексуално ненаситен

Вљубеник бил во екстремностите, па велел дека има потреба најмалку деветпати дневно да има сексуални односи. Кога либидото на неговата сопруга Адел во текот на бракот се намалило, тој нашол љубовница, а подоцна почнал и двете да ги изневерува со стотици други жени. Ниту возраста не го запрела во задоволувањето на неговите сексуални потреби. Се верува дека дента кога починал, борделите во Париз имале ден на жалост за да му оддадат почит на нивниот најредовен клиент.

Бил воајер

Либидото на Иго очигледно не било задоволено од неговите сопствени активности. Во неговиот дом, тој наводно поставил шпионки во гостинските спални, за да може тајно да ги гледа активностите на неговите пријатели.

Во Виетнам е прогласен за светец

Неколку километри оддалечен од градот Сајгон, постои храм на виетнамската религија позната како Као Даи, со над 5 милиони следбеници. Личностите како како Виктор Иго, Томас Џеферсон и повеќе други се прогласени за светци затоа што се смета дека при сеансите, на верниците им испраќале пораки од другиот светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот