Песна, солзи и „молба за помош“: Деми Ловато со емотивен настап за првпат по две години откако безмалку ќе умреше (ВИДЕО)

На сцената во Стејплес центарот, поп пејачката синоќа беше полна со емоции.

Еден од најемотивните моменти на овогодинешното доделување на музичките Греми награди беше и настапот на пејачката Деми Ловато, која триумфално се врати на сцената со својата нова песна „Anyone“.

Текстот на оваа песна Деми го напишала за само четири дена пред за малку да почине од предозирање.

На сцената во Стејплес центарот, поп пејачката синоќа беше полна со емоции. Таа почна да пее, но чувствата ја совладаа, па мораше да застане и да почне од почеток.

Нејзиниот настап беше интимен, немаше никого околу неа, само уште еден маж кој свиреше на клавир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот