Песков: Украина да се предаде па преговори со Зеленски

дмитри песков
Дмитри Песков, портпарол на Кремљ / Фото: Слободен печат, архива

Москва е подготвена за преговори за предавање на Украина, соопшти вечерва Дмитриј Песков портпарол на рускиот претседател.

Како што наведе, претседателот Владимир Путин е подготвен за преговори со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со фокус на „гаранциите за неутрален статус” и „ветувањето дека нема да има оружје на територијата на Украина”.

-Тоа се условите, рече Песков, кои ќе овозможат постигнување на „демилитаризација и денацификација на Украина” и ќе го елиминираат она што Русија во моментов го смета за „закана за безбедноста на руската држава и народ”.

„Претседателот ја формулираше својата визија за тоа што би очекувале од Украина за да ги решиме горливите проблеми. Тоа е неутрален статус и одбивање да се инсталираат и користат системи за оружје”, рече Песков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот