Песков: Мнозинството во ЕП ќе биде проевропско и проукраинско, Русија внимателно ќе го следи
-Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва ги следи изборите за Европскиот парламент и дека мнозинството во парламентот ќе биде проевропско и проукраинско и дека Русија внимателно ќе ги анализира идниот состав на парламентот.
Препорачано
На прашањето како го коментира францускиот претседател Емануел Макрон кој повика на предвремени парламентарни избори поради неговиот вчерашен пораз, Песков изјави дека Русија не се меша во внатрешните работи на други земји и дека тоа е работа на Париз, пренесуваат руските медиуми.
„Тоа е внатрешно прашање на Француската Република, ние не би сакале да се мешаме во внатрешните работи на земјата, спротивно на клеветите што понекогаш се шират во Европа и Америка, истакна Песков на прес-конференција.
Тој посочи дека Русија „внимателно“ ќе ги следи изборите во Франција, особено имајќи го предвид крајно „непријателскиот однос на француското раководство кон Русија“.
Макрон синоќа и се обрати на нацијата и најави распуштање на францускиот Парламент, како и предвремени избори кои ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули.


