Пере ја отвори душата за најтешкиот период: „Знаевме дека доаѓа крајот“
Познатиот музичар Никола Перевски – Пере, фронтменот на култната група „Нокаут“, ја отвори душата за најтешкиот дел од својот живот.
Препорачано
Тој во емисијата „Животна приказна“ сподели детали од приватниот живот кои ретко ги открива во јавноста.
Во најавата за претстојната епизода, Пере зборува за најтешките моменти низ кои поминало неговото семејство.
„Бевме свесни дека се соочуваме со крајот“, вели музичарот во најавата што е објавена на социјалните мрежи.
Пере во емотивниот разговор се осврнува на периодот кога се соочил со голема загуба.
„Мислам дека бевме тука веќе на крајот… последната година бевме свесни дека ќе се соочиме со крајот“, вели тој во видеото.
Како што раскажа, она што најмногу го скршило е смртта на неговата мајка – настан што оставил длабока трага во неговиот живот.
„Тогаш, пред две години кога ја загубив мајка ми, ми беше најтешко во животот“, открива Пере, додавајќи стих од познатата песна на „Нокаут“, „Во бестрага“, чиј текст го напиша Игор Џамбазов: „Сите приказни исти се, тажни ко оваа“.
Музичарот, кој со децении ја раскажува својата приказна преку безвременските хитови на „Нокаут“, неодамна го прослави својот 48. роденден и на социјалните мрежи напиша: „48 и благодарен. Фала ви на сите за љубовта, пораките и честитките“.


