Пензиско – инвестициониот фонд на Јапонија со загуба од 165 милијарди долари

Забележан негативен поврат на вкупно вложените средства во акции од 10,71 отсто.

Јапонскиот државен пензиско – инвестиционен фонд (ГПИФ), еден од најголемите во светот, соопшти дека регистрирал најголема загуба до сега од 17,71 илјади милијарди јени во кварталот јануари – март, поради падот на акциите на глобалните пазари предизвикан од пандемијата со Ковид – 19.

ГПИФ за време на овој тримесечен период забележал негативен поврат на вкупно вложените средства во акции од 10,71 отсто во споредба со добивката од 4,61 отсто во претходниот квартал, се наведува во соопштението кое го пренесе „Ројтерс“.

Фондот, кој на крајот на март управуваше со имот во вредност од 150,6 илјади милијарди јени, го следат сите пазари поради неговиот гигантски обем.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот