Пензионер од Арачиново дошол во општината и се заканувал дека ќе го убие градоначалникот

Градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими вчера пријавил дека соселанец му се заканувал по животот, по што полицијата го уапси 69-годишниот арачиновец кој ги упатил заканите.

Според „Телма“, уапсениот се заканувал затоа што не бил задоволен од постапување во предмет за користење државно земјиште. Заканите ги упатил пред повеќе лица во општината додека градоначалникот Ибраими не бил присутен.

Телевизијата објави дека уапсениот пензионер е во блиски роднински врски со тројцата напаѓачи кои пред неколку месеци го нападнаа градоначалникот во општината. Еден од нив бил дел од претходната општинска администрација.

За заканите денеска извести МВР:

-На 23.05.2023 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А. (69) од с.Арачиново постапувајќи по претходна пријава од Р.И., градоначалник на општина Арачиново, кој пријавил во СВР Скопје дека, додека тој не бил присутен во општинската зграда, Р.А. пред други присутни лица упатувал закани по животот на градоначалникот, а во врска со предмет за доделување на користење на земјиште. По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „Загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од КЗ на РСМ.

Утрово истепан градоначалникот на Арачиново

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот