Пендаровски: Поголем број спорови решени по пат на медијација, носат заштеда во буџетот

Претседателот на државата Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Комората на медијатори на Република Северна Македонија, предводена од претседателот Славе Младеновски.

Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, на средбата Младеновски го информирал претседателот Пендаровски за конкретните активности на Комората и на медијаторите, кои, посочил, се вистинско место за заштита на интересите на граѓаните.

– Комората постои две години, а Северна Македонија е на прво место во регионот по бројот на спорови решени во доверлива и економична постапка. Поголем број спорови решени по пат на  медијација, носат економичност, ефикасност и брзина во решавање на споровите, заштеда во буџетот на граѓаните и на државата и намалување на степенот на конфликтност во општеството- стои во соопштението

Претседателот Пендаровски ја нагласил важноста на медијаторите како носители на демократско право за пристап до правдата надвор од судовите, притоа  обезбедувајќи примена на начелото на владеење на правото и еднаков пристап до правда за сите и почитување на европските стандарди во примената на медијацијата во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот