Пендаровски поддржува меѓународна истрага за „Диво насеље“

Претседателот Стево Пендаровски смета дека судскиот процес за случајот „Диво насеље“ не ги опфаќа клучните актери кои учествувале во подготовката на кумановските настани. Во емисијата „360 Степени“ Пендаровски немаше дилеми дека тоа е договорен настан, пренесува Алсат М.

„Зафатени се воглавно луѓето кои оперативно излегоа на терен и ги направија тие безбедносни проблеми во предградието на Куманово. Колку што јас знам, а нешто знам во тој дел, не се зафатени луѓето кои дадоа наредба тоа да се направи бидејќи тоа е договорен настан, да нема никој дилеми околу тоа. И луѓето кои спроведуваа, да ги наречам, претходни подготовки за тој настан да се случи, и тие се случуваа на територијата на Косово и на територијата на Јужна Србија“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.

Прочитајте и...  Николовски прашува дали со Мицковски седеле Ален Зекиров и поранешен шеф на УБК

Пендаровски рече дека инсистира на меѓународна истрага за „Диво насеље“ и ги повика надлежните институции да побараат директна меѓународна правна помош.

„Бидејќи, да се разбереме, според нашите прописи не е возможно странска полиција, странска служба, директно да презема извршни дејствија од било кој тип, не само во овој аспект, меѓутоа може да помага. Не знам зошто тоа до сега не е направено. Навистина тоа не е прашање кое е за мене, да го одговорам, меѓутоа и мене ме интересираше затоа што тврдам дека случај којшто има меѓународен аспект, а три држави се инволвирани, ви ги спомнав другите две освен нашата, би било добро да се одработи со заедничка меѓународна акција“, рече Пендаровски.

Прочитајте и...  Дука: Битката со невидливиот непријател ја добивме, но не и војната

Прочитај повеќе

Четворица обвинети за непочитување на полицискиот час во Битола

Слободен печат

Невладините организации ќе добијат од Владата 30 милиони денари

Слободен печат

„Бентли“ планира да отпушти илјада работници

Слободен печат

Влада: Денеска поднесени 114 кривични пријави за ширење на заразна болест

Слободен печат

Се огласи Грета за хаосот во Америка: Младата активистка го осуди расизмот!

Слободен печат

Шпанија ги отвара границите за туристи на 1 јули

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Германски неонацисти тренираат во воен камп во Русија- никој не може да им го забрани тоа

Слободен печат

Путин: Норникел ќе ја надомести целата штета предизвикана од излевањето на нафтата

Слободен печат

Безбедностата камера „улови“ воспитувачка која усмрти бебе кое плаче (ВИДЕО)

Слободен печат

Америка закрепнува: Вработеноста во САД во мај порасна за 2,5 милиони

Слободен печат

Бројот на потврдени случаи на инфекцијата со коронавирусот расте побрзо од кога било

Слободен печат

Нема заболени од Ковид-19 меѓу вработените во тетовските градинки

Слободен печат