Пендаровски и Бектеши положија цвеќе на местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма”

Пендаровски и Бектеши/ Фото Фејсбук

Претседателот на државата Стево Пендаровски попладнево на автопатот „Струма” во Бугарија положи цвеќе на местото каде што во автобуската несреќа во ноември минатата година загинааа 45 македонски државјани.

–Почит за 45 македонски граѓани кои трагично ги загубија животите во страшната автобуска несреќа на 23 ноември 2021 година. На автопатот „Струма” во соседна Бугарија положив цвеќе на местото на автобуската несреќа, напиша Пендаровски на својот фејсбук-профил.

Заедно со шефот на државата, цвеќе на местото на несреќата положи и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Патниците кои загинаа во несреќата на 23 ноември 2021 се враќаа од Истанбул кон Скопје со автобус на „Беса транс”.

Претседателот Пендаровски денеска престојуваше во Софија на ознчувањето на стартот на работата на гасниот интерконектор Грција – Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот