Пелони: Сакаме добри односи со Северна Македонија

Ние сакаме добри односи со соседната земја, порача портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони, но и упати повик до нашата земја целосно да го имплементира Договорот од Преспа и да избегнува активности кои би можеле да ги отежнат билатералните односи, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешниот редовен брифинг, одговарајќи на новинарско прашање во врска со фудбалската репрезентација а и дали Грција би презела некои дополнителни чекори, Пелони рече дека веќе „беа направени сите неопходни активности”, споменувајќи го писмото од Дендиас до Османи.

-Грција повикува на целосно и со добра волја имплементирање на Договорот од Преспа, а и во главно избегнување на активности кои би можеле да ги отежнат билатералните односи. Ние сакаме добри односи со соседната земја и ја поддржуваме европската перспектива на земјите од Западен Балкан, рече Пелони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот