Фото: mkd.basketball

Пелистер подготвен за плејофот, со „стотка“ до триумф над Тиквеш Голден Игл

Битолскиот суперлигаш Пелистер беше подобар од кавадаречкиот Тиквеш Голден Игл (100:93) во првиот натпревар од последното петто коло од ТОП 6 фазата во МТЕЛ Супер кошаркарската лига.

Победа за потврда на позицијата број 3 од која играчите на Пелистер ќе тргнат во доигрувањето за титулата, каде во полуфиналето ги чека актуелниот бранител на трофејот – МЗТ Скопје Аеродром.

Вилсон беше прв стрелец во победничките редови со 29 поени, имаше и девет скока, а на спротивната страна Хоукинс дојде до 24 поени.

Оваа сезона, екипата од Кавадарци ја заврши со ефект 11-16, и шесто место во регуларниот дел од лигата.

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

ТОП 6

5. КОЛО

Пелистер – Тиквеш Голден Игл 100:93

20.30: Маџари – МЗТ Скопје Аеродром

1.МАЈ (ПЕТОК)

19.00: Кожув – ТФТ

ТАБЕЛА

1.ТФТ 26 22 4 2144:1923 48

2.МЗТ Скопје Аеродром 26 21 5 2086:1864 46

3.Пелистер 27 19 8 2471:2200 46

4.Маџари 26 14 12 2120:2086 40

5.Кожув 26 13 13 2180:2176 39

6.Тиквеш ГИ 27 11 16 2166:2207 38

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот