Пелистер го продолжи договорот со Митревски: Некои вредности вредат повеќе од секоја титула
Екипата на Еурофарм Пелистер преку социјалните мрежи го потврди продолжувањето на соработката со голманот Никола Митревски.
Препорачано
Искусниот голман така ќе го носи дресот на битолската гордост и во сезоната која следи со опција истиот да биде продолжен и за сезоната 2027/2028 кога би навлегол и во 43-тата година од својот живот.
По продолжувањето на соработката во Пелистер не го криеја задоволството.
„Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28. Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина“, порачаа од Пелистер.


