Пелистер експресно се врати на победите во Суперлигата и го наполни голот на Куманово
Екипата на Пелистер експресно се врати на домашната сцена по настапот во Лигата на шампионите и славеше убедлива победа над Куманово со 43-21.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Куманово немаше одговор за разиграните „зелено-бели“, кои уште од стартот наметнаа жестоко темпо и рано ставија до знаење кој ќе ги освои бодовите.
Веќе на полувремето предноста беше двоцифрена (22-10), со што сите дилеми околу победникот беа расчистени. Во второто полувреме разликата само растеше, а домаќинот успеа да постигне скромен број голови, додека Пелистер без намалување на ритамот ја зголемуваше предноста до конечниот триумф.
Во листата на стрелци блескаше Богдан Радивојевиќ со 14 погодоци, додека Павле Атанасијевиќ беше максимално прецизен со осум гола од осум обиди. Кај кумановци најефикасен беше Христијан Вујицевски со шест погодоци.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
43мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


