Пекар се обидува да спаси белгиски фудбалски великан

Вилс започна со донација од 1.000 евра, целта му е да собере 1 милиони евра, иако тој сонува за многу поголем интерес од луѓето и сума од 20 милиони евра како помош за Андерлехт.

Еден фудбалски навивач, станува збор за фан на еден од најпознатите клубови во Белгија, Андерлехт, покажа како се сака екипата која поминува комплициран период после прекинот на стопирањето на лигата и сезоната поради пандемијата на коронавирусот.

Етијен Вилс, се обидува да му помогне на Андерлехт така што отвори сметка на која секој навивач на Андерлехт ќе може да донира за својот омилен клуб и тој начин ќе придонесе полесно да се преброди кризната ситуација.

Вилс започна со донација од 1.000 евра, целта му е да собере 1 милиони евра, иако тој сонува за многу поголем интерес од луѓето и сума од 20 милиони евра како помош за Андерлехт.

– Ја започнав оваа акција да помогнам и сакам да соберам еден милион евра. Кога ќе ги собереме парите, јас лично ќе ги предадам на клубот – вели Вилс за белгиските медиуми.

Освен што 40 години има членарина за Андерлехт, воедно работи со пекарски производи и е страствен играч на голф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот