Пејачката скршена: Селин Дион ги откажува настапите заради „непредвидени медицински причини“

селин дион
Фото: Принтскрин / Instagram

Додека Селин Дион се подготвуваше за отварањето на нејзиното ново шоу на 5 ноември во убавиот „Resorts World Theatre“ во Лас Вегас, заради непредвидени медицински симптоми е принудена да го одложи отварањето и да ги откаже настапите закажани од 5 до 20 ноември 2021 година, како и од 19 јануари до 5 фебруари следната 2022 година.

Легендарната пејачка се огласи со емотивна објава на нејзините социјалмни мрежи, објаснувајќи дека се работи за непредвидливи медицински причини кои се надева дека ќе успее шти побрзо да ги разреши.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

„Срцето ми е скршено од ова. Мојот тим и јас работевме на нашето ново шоу во последните осум месеци, и да не можеме да го отвориме овој Ноември ме растажува преку можноста за сите зборови. Моите партнери во „Resorts World Las Vegas“ и „AEG“ работеа деноноќно за да го подготват овој сосема нов извонреден театар да биде готов, и тоа е апсолутно прекрасно. Се чувствувам толку лошо што ги разочарувам, и ми е особено жал што ќе ги разочарам фановитее кои ги правеле своите планови да дојдат во Лас Вегас. Сега, треба да се фокусирам на тоа да бидам подобра… Сакам да го поминам ова најскоро што можам“, ги поздрави Селин своите следбеници на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Во самата официјална објава се објаснува дека Селин искусувала тешки и константни грчеви во мускулите кои ја спречуваат од настапување. Нејзиниот медицински тим продолжува да ја проверува и третира нејзината состојба, но симптоми кои таа ги искусува ја спречуваат од учество во понатамошни проби за новото шоу.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Во мај оваа година 53-годишната добитничка на Греми објави дека се враќа во Лас Вегас со ново  шоу во театарот во „Resorts World“. Беше закажано да изведе 21 настап кои требаше да се одвиваат од овој ноември до фебруари следната година. Отварањето на новото шоу требаше да биде посветено на собирање на средства за олеснување на справувањето со Ковид-19.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

Видео на денот