Пејачката Ели Брук ја шокираше јавноста: Сè уште сум девица

instagram

Пејачката Ели Брук, која беше дел од женскиот бенд „Fifth Harmony“ во своите мемоари открила дека сè уште е девица и дека има намера да почека до брак.  Ели наскоро ќе ја објави својата книга „Finding Harmony“.

Instagram

Пејачката ги изненадила обожавателите откривајќи дека нема да спие со маж до брак.

„Сето тоа го напишав во мојата книга. Се отворив за тоа. Среќна сум што можев да го споделам тоа со моите обожаватели и читатели, да им кажам каква одлука донесов а тие нека го прифатат тоа како сакаат“, изјавила пејачката, која додала дека сите нејзини поранешни момчиња ја почитувале нејзината одлука.

Instagram

„Имаше моменти кога луѓето ме исмеваа или не ми веруваа, но јас едноставно морав да ја почитувам својата вистина и едноставно да оставам да биде така како што е. Неверојатно е чувството кога ќе видиш некој дека го почитува тоа. Никогаш не сум почувствувала никаков притисок“, изјавила Ели.

Сепак, таа вели дека доживеала непријатни ситуации во музичката индустрија. Исто така раскажала како некој музички продуцент ѝ донел долна облека на состанок и рекол дека „ќе изгледа навистина добро во тоа“.

Instagram

„Бев целосно понижена, шокирана и згрозена. Не чувствував дека имам моќ да направам нешто во врска со тоа, бидејќи за жал во тоа време луѓето знаеја за тие работи, но навистина не направија многу за да го спречат тоа. Многу луѓе не одговараа за своите постапки. Така, едноставно се чувствував толку беспомошно и осамено. Само понижување, па дури и страв. Што можев да направам тогаш? Ја бев само мало девојче во групата, а сите тие луѓе имаа моќ“, изјавила пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот