Педро ја продолжува кариерата во Серија А!?

twitter.com/Chelsea24News

Како што информира „Калчомеркато“, искусниот шпански интернационалец ќе се раздели со лондонските „сини“ кога ќе му истече договорот ова лето.

Според италијанските медиуми Рома моментно е во најдобра позиција за потписот на досегашното крило на Челси. Но, освен римската „волчица“ во трката за услугите на Педро се наоѓа и актуелниот шампион во Серија А, Јувентус.

Како што информира „Калчомеркато“, Педро (32) ќе се раздели со лондонските „сини“ кога ќе му истече договорот ова лето.

Воедно има понуди и од американската МЛС лига, но поголеми се шансите искусниот шпански интернационалец да остане на европско тло.

Со Барселона ги имаше најголемите успеси на клупски план, петпати ја освои „Ла Лига“, а трипати Лигата на шампионите.

Најблиску е да го облече дресот на Рома, но можно е и алтернативата повторно за тренер да го има Маурицио Сари кој ја води „Старата дама“, откако минатата сезона соработуваа на „Стемфорд Бриџ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот