Педро и официјално нов фудбалер на Рома

фото: asroma.com

Шпанецот потпиша договор на три години со римскиот клуб кој се подготвува за новата сезона во италијанската Серија А.

Како што и се најавуваше и претходно, денеска доби потврда од римската „волчица“ која го промовираше своето прво летно засилување.

Педро (33) официјално потпиша договор на три години (30 јуни 2023) со екипата на Рома. Шпанецот е задоволен што ќе ги брани боите на римскиот клуб.

Возбуден сум за овој предизвик и што ќе се натпреварувам со цел да ги оствариме нашите цели во наредните сезони. Благодарност до фановите кои ме пречекаа, се надевам дека ќе ги направам среќни – рече Педро.

Шпанскиот фудбалер играше за Барселона и Челси, со освоени 25 трофеи во кариерата, вклучувајќи титули во Лигата на шампионите, Лига Европа, Премиер лигата и Ла Лига.

Со националната репрезентација беше светски (2010 година) и европски шампион (2012). Севкупно запиша 65 натпревари за неговата селекција со 17 голови.

Рома се подготвува за новата сезона во италијанската Серија А чиј старт е планиран за 19 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот