Педесет таблет-компјутери за ученици од охридските училишта

таблети
Таблет за следење дигитализирана настава / Фото: Архива на Слободен печат

Во Општина Охрид беа доделени таблет-компјутерите што компанијата „Еколог Интернешнл” ги донираше за учениците од социјално-ранливите семејства од градот и околината.

Странува збор за 50 електронски уреди, доделени на 41 ученик од основните и 9 ученици од средните училишта во општината, кои се соочуваа со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и користење „онлајн” апликации.

Донацијата е во насока на успешно спроведување на наставата по електронски пат, согласно утврдените протоколи за заштита од вирусот Ковид-19 и правилата утврдени од Министерството за образование и наука за одвивање на наставата во текот на претстојната учебна година.

Компанијата „Еколог Интернешнл” досега низ земјата има донирано неколку илјади таблет-компјутери за децата што немаат такви средства за следење настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот