Пеци: Оставка не е опција, имаме многу работа

Kosovo
фото: Panthermedia / Profimedia

Градоначалникот на Звечан Илир Пеци изјави дека за него оставка од таа функција не е опција, пренесува Репортери. Пеци изјави дека сите општински дирекции почнале со работа и додаде дека им служат на граѓаните без разлика на националноста.

„Всушност, ние го продолжуваме нашиот мандат опслужувајќи им на граѓаните без разлика на националноста. На пример, вчера беше постигнат договор со општина Глоговац за меѓуопштинска соработка“, рече Пеци.

Тој додаде дека работата се одвива без проблеми и дека во дирекциите има и припадници на српската заедница.

Имаме 11 директори, сите си ги исполнуваат обврските, имаме многу работа, па гледаме причина да си дадеме оставка“, рече Пеци.

Како една од можностите за што поскоро одржување на избори на северот на Косово беше споменато дека оставки поднесуваат и градоначалниците Албанци во локалните самоуправи со српско мнозинство. Министерот за администрација и локална самоуправа Елберт Красниќи изјави дека предвремени избори може да се одржат доколку 20 отсто од гласачите во една општина потпишат петиција за смена на градоначалникот на таа општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот