Пазнат датумот на почетокот и крајот на Мундијалот во Катар

Првиот човек на ФИФА вели дека има премногу бесмислени натпревари во тековниот календар/Фото: EPA/STRINGER

Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 21. ноември до 18 декември 2022 година во Катар, објави ФИФА.

Светската фудбалска федерација денеска го објави точниот календар на одигрување на сите натпревари на СП во Катар 2022 година, па така групната фаза ќе трае од 21. ноември до втори декември.

Осминафиналните натпревари ќе се играат од наредниот ден и ќе се завршат за четири дена.

Седми и осми декември ќе бидат денови за одмор за репрезентациите, додека четвртфиналните пресметки се закажани за 9. и 10. декември.
Полуфиналните натпревари ќе се играат на 13. и 14. декември, натпреварот за третото место е на програмата на 17. декември, додека големото финале ќе се игра на 18. декември 2022 година.

Натпреварите ќе се играат на осум стадиони и тоа: Ал Баит, Калифа стадион, Ал Тумам, Ал Рајан, Лусаил, Рас Абу Абуд, Едикејшн сити и Ај Јануб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот