Павар: Наскоро ќе ја освоиме Лигата на шампионите!

фото: твитер

Бенџамин Павар, без сомнение, сигурно нема никогаш да ја заборави својата прва сезона во редовите на Баерн Минхен.

После освојувањето на Светското првенство во Русија 2018, Французинот за 35 милиони евра стана играч на клубот од „Алијанц Арена“.

До прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот, баварскиот гигант се наоѓаше на првото место на табелата во најсилното германско првенство.

Конечна одлука на УЕФА: Завршницата на Лигата на шампионите и Лигата на Европа во август

Воедно со екипата е пред пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако во првиот дуел на „Стемфорд Бриџ“ триумфираше со 0:3 против Челзи.

Бенжамин Павар, без сомнение, сигурно нема никогаш да ја заборави својата прва сезона во редовите на Баерн Минхен.

– Во Баерн се чувствувам фантастично. Дојдов во клубот со цел истовремено играм на највисоко ниво и бидам приоритет кај селекторот. За мене оваа екипа е најдобра на светот, Баерн наскоро повторно ќе ја освои Лигата на шампионите, сигурен сум во тоа – рече Павар.

Инаку Баерн петпати во својата историја бил европски шампион, последен пат тоа се случи во 2013 година откако во финалето во Лондон со 2:1 славеше над Борусија Дортмунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот