Пауло Коелјо го налути „Твитер“: Кризата во Украина е пригоден изговор за русофобија

Фото: Профимедиа

Познатиот бразилскиот писател Пауло Коелјо на својотот твитер-профил изјави дека војната во Украина ја направи климата совршена за „русофобија“.

Коелјо, кој е автор на познатиот роман „Алхемичарот“, напиша во објава на Твитер:

„Кризата во Украина е пригоден изговор за русофобија“.

Писателот беше осуден од корисниците на социјалните мрежи, од кои многумина го повикаа Коелјо да го признае разорното влијание на војната и да објави фотографии од жртвите и уништувањето предизвикано од руската армија.

Обраќајќи се на критиките, Коелјо се надоврза, пишувајќи:

„Бев во Лавов, Киев, Одеса, Јалта, Чернобил. Поминав 10.000 км со воз од Москва до Владивосток. Да, има војна: но не ги обвинувајте обичните луѓе“.

Наполеон и Жозефина: Те сакам, ама те мразам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот