фото: EPA-EFE/LEON KUEGELER

Патрик Шик: Леверкузен не е во позиција да се бори за титулата

Напаѓачот на германскиот фудбалски клуб Баер Леверкузен, Патрик Шик, изјави дека тимот нема да има можност да се бори за титулата во Бундес лигата без нови засилувања.

На почетокот на оваа недела, клубот го напушти Гранит Џака кој се пресели во Сандерленд. Пред него, Леверкузен се раздели и со Флоријан Вирц и Жереми Фримпонг, кои се преселија во Ливерпул, како и Џонатан Та, кој отиде во шампионот Баерн Минхен.

Покрај тоа, главниот тренер Чаби Алонсо, кој го предводеше Баер до првата титула во клупската историја во 2023 година, ја презеде функцијата тренер во Реал Мадрид.

– Нашите најважни играчи нè напуштија и тоа ќе ја наруши рамнотежата во тимот. Во моментов се надеваме дека ќе можеме да потпишеме неколку добри играчи бидејќи не сме во позиција да се бориме за титулата во моментов – рече чешкиот интернационалец Шик, кој постигна 27 голови во 45 натпревари минатата сезона, во интервјуто за „Скај спортс Германија“.

Според Шик, разделбата со Џака е најтешка за клубот, но нему лично најмногу ќе му недостигаат додавањата на Вирц. Од почетокот на летниот преоден рок, Баер потпиша само со тројца играчи – голманот Марк Флекен од Брентфорд, дефанзивецот Џарел Кванза од Ливерпул и играчот од средниот ред Малик Тилман од ПСВ Ајндховен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот