Патрик Шик би можел да биде новиот напаѓач на Манчестер јунајтед
Манчестер јунајтед размислува за нова опција за засилување на нападот следната сезона. Според информациите од новинарот на „Скај Спортс“, Патрик Бергер, клубот е заинтересиран за напаѓачот на Баер Леверкузен, Патрик Шик (29).
Препорачано
Иако „Црвените ѓаволи“ претпочитаат да привлечат помлад фудбалер на позициите во нападот, одличните перформанси на Шик во текот на целата сезона го привлекоа вниманието на менаџерот Рубен Аморим, кој го додаде на листата на потенцијални нови засилувања.
Чешкиот репрезентативец изрази силна желба да се приклучи на клуб од Премиер лигата, иако има и конкретни понуди од клубови во Саудиска Арабија.
Леверкузен е подготвен да се раздели со напаѓачот за сума од 25 до 30 милиони евра.
Шик ја започна својата кариера во Спарта Прага, а потоа се пресели во Бохемијанс, Сампдорија, Рома и РБ Лајпциг. Тој е дел од тимот на Баер од 2020 година. Оваа сезона има 17 голови од 26 настапи во Бундеслигата.
🆕🔴Manchester United are monitoring the situation of Bayer Leverkusen striker Patrik Schick (29/🇨🇿). #MUFC are in the market for a No.9 and prefer a younger profile – but Schick is also considered interesting. Initial contact was made, but nothing concrete so far. One of many… pic.twitter.com/zvv62MFanM
— Patrick Berger (@berger_pj) April 14, 2025


