Патријархот Иринеј: Присуството на Ѓукановиќ на палењето на бадниковиот оган би било КРАЈНО ЛИЦЕМЕРНО

Патријархот Иринеј нагласил дека досега немал прилика да разговара за проблемите на СПЦ во Црна Гора со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Српскиот патријарх Иринеј порачал дека доаѓањето на претседателот Мило Ѓукановиќ на палењето на бадниковиот оган во Цетиње би било крајно лицемерно, пренесува Блиц.рс.

Револтот на народот во Црна Гора ескалираше откако претседателот Ѓукановиќ го потпиша контроверзниот закон за слобода на вероисповед.

Патријархот Иринеј рекол и дека не знае дали Ѓукановиќ, кој го најавил тоа присуство, „морал себеси да си дозволи такво нешто“.

Тој истакнал дека Светиот Архиерејски Синод на СПЦ го чека понатамошниот развој на ситуацијата во Црна Гора и изразил надеж дека наскоро таа ќе се смири.

– Испративме неколку писма до претседателот Ѓукановиќ и до тамошниот митрополит. Ќе видиме што ќе се случува во иднина. Се надеваме дека ситуацијата ќе се смири, бидејќи ова што се случуваа не е добро, ниту за Србите во Црна Гора, ниту за самата Црна Гора – изјавил патријархот Иринеј за „Данас“.

Патријархот Иринеј нагласил дека досега немал прилика да разговара за проблемите на СПЦ во Црна Гора со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Патријархот Иринеј ги негираше оценките на поединечни црковни и политички кругови во Србија, за тоа дека Синодот реагирал „меко“ во врска со насилството над црквата во Црна Гора, односно дека требало тој и „црковната влада“ на чие е чело со свое присуство на терен да им даде поддршка на верниците и епархиите на СПЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот