Пашоски од МРТ за „Слободен печат“: Сигурно одиме на Евровизија во Софија
„Македонија догодина ќе учествува на Евровизија во Софија. Веќе разговаравме со Европскиот радиодифузен сојуз (ЕБУ), кој покажа голема заинтересираност и задоволство околу тоа“, вели Давор Пашоски, претседател на програмски совет на МРТ.
Откако беше објавено дека Македонија догодина се враќа на Евровизија догодина на натпреварот во Софија, „Слободен печат“ околу ова прашање се обрати кај Давор Пашоски, претседател на програмски совет на МРТ.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој ја потврдува информацијата — во 2027 година повторно ќе имаме евровизиски претставник, по пауза од пет години.
– Македонија догодина ќе учествува на Евровизија во Софија. Веќе разговаравме со ЕБУ, каде покажаа голема заинтересираност и задоволство околу тоа. Направени се прелиминарни разговори, но сè уште е рано да се кажат детали околу целиот тој процес, бидејќи треба да се разгледа целиот концепт вклучувајќи го и финансискиот, како и начинот на којшто ќе биде избран изведувачот и песната. За сите детали поврзани со учеството на нашата земја на Евровизија догодина благовремено ќе биде известена и јавноста и медиумите. Сериозно размислуваме и сигурно одиме на Евровизија во Софија – за „Слободен печат“ изјави Давор Пашоски, претседател на програмски совет на МРТ.
Според најавите, МРТ веќе има поддршка од ЕБУ за промоција на македонските културни вредности, но и поповолен пакет што би го олеснил враќањето на земјата на натпреварот.
Македонија последен пат настапи на Евровизија во 2022 година, кога земјата ја претставуваше Андреа Коевска со песната „Circles“. Најдобриот пласман досега го оствари Тамара Тодевска со „Proud“, која во 2019 година заврши на седмото место во финалето.


