„Парусион Груп“ најавуваат концерт во Штип: Единствена можност за уживање во традиционалните македонски ритми, но со современ звук

Фото: Промо

Македонскиот џез-состав „Парусион груп“ (Parussion group), на 7 октомври, сабота во 21 часот, во „Дом на млади“ во Штип, најавуваат уште еден концерт за вистинските љубители на квалитетниот модерен звук.

Како инструменталисти учествуваат врвните уметници Џоле Грујоски – гитара, Сале Икономов – бас, Александар Никодиновски – пијано, Петар Христов – сопран саксофон и Михаил Парушев на тапан.

Проектот „Агол“ на Парусион Груп и изработката на материјалот е замислен како заеднички експеримент на музичари и продуценти. Тоа е некомпресирано аудио што се снима природно. Ова е единствениот начин да се слушне мелодијата на здивот и ритамот на музиката. Композициите имаат среден ритам, варираат во неколку темпа и се инспирирани од традиционалните македонски ритми, но со современ звук.

Фото: Фејсбук/ Михаил Парушев

Композициите се дел од творештвото на Парушев, а за проектот „AGOL Parusion Group“ беа подготвени аранжмани за деветчлен оркестар. Основата е македонска музика, но во сосема нова и модерна верзија. Инструментите ќе бидат во функција на автентичниот македонски ритам и мелодија со варијации и импровизација на солистот.

Со сличен звук ќе се претстави, Ансамблот „Парусион Груп“, а премиерно ќе биде изведен и новиот материјал „АГОЛ Парусион Груп“. Михаил Парушев ќе симулира повеќе ударни инструменти, од тапан и слични егзотични ударни инструменти. Овој тип на музика е повеќеслоен и им дава можност на слушателите да истражуваат и да се едуцираат.

Фото: Промо
Фото: Приватна архива

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот