Партијата на Слави Трифонов најави придружување кон Европските конзервативци и реформисти

Слави Трифонов / Фото: Profimedia

Бугарската популистичка партија Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов најави дека има намера да се приклучи кон групацијата на национал-конзервативни и десничарски партии Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР).

– Нашата главна улога на европските избори ќе биде да се бориме против евроскептицизмот со објаснување дека колку повеќе конзервативни претставници има во ЕУ, толку состојбата ќе биде понормална, изјави координаторот на пратеничката група на ИТН во бугарското Собрание, Тошко Јорданов.

Според Јорданов, логично е ИТН да се приклучи на ЕЦР, бидејќи „конзервативизмот е идеологија на здравиот разум“.

– Здравиот разум вели дека треба да има слобода на економијата. Здравиот разум вели дека семејството треба да се состои од маж и жена и дека вашата сексуална ориентација не треба да ви дава предност пред другите. Интересно е што здравиот разум на Балканот е поголем од здравиот разум на Западот, изјави Јорданов.

Според анкетите на јавното мислење, се очекува ИТН на изборите за европратеници во јуни следната година да освои околу пет отсто од гласовите и најмалку едно од 17-те бугарски мандати во Европскиот парламент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот