Партијата на Макрон се преименува во „Препород”

Емануел Макрон/ Фото EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Републиката во движење, го смени своето име во „Препород”, „народна партија чија задача е да биде отворена за граѓаните и пратениците од каде и да доаѓаат”, изјави денеска нејзиниот генерален секретар Станислас Гуерини, пренесува Политико.

-Ние пристапивме кон радикалната реформа на Републиката во движење за да можеме да продолжиме да го шириме ова политичко движење, кое беше основано пред нешто повеќе од шест години од претседателот Емануел Макрон и кое ќе се нарекува „Преродба”, рече Гуерини.

Тој ова го кажа на прес-конференција во Париз, на која присуствуваа поранешниот премиер Едуар Филип (партија Хоризонти), претседателот на националното собрание Ричард Феран (ЛРЕМ) и поранешниот министер Франсоа Бајру (Партија Модем).

Сите овие партии го најавија сојузот наречен „Заедно” во кој се приклучуваат во пресрет на парламентарните избори на 12 и 19 јуни.

Емануел Макрон победи на претседателските избори на 24 април со 58,55 отсто од гласовите, но неговата битка со кандидатката на екстремната десница Марин Ле Пен (41,45 отсто) ја покажа длабоката поделеност во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот