Паоло Малдини првпат од своето заминување го критикуваше раководството на Милан

Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Поминаа скоро шест месеци откако Паоло Малдини изненадувачки си замина од Милан, само една година кога со улогата на директор на клубот му помогна да стигне до шампионската титула.

Легендарниот дефанзивец во интервју за италијанските медиуми зборуваше околу заминувањето, но и ги критикуваше луѓето кои раководат со клубот.

„Секако дека го сакам Милан, тоа е мојот клуб, меѓутоа овој клуб треба да им верува на луѓе кои знаат што значи Милан во Европа. Сега гледаме некој нов борд на директори кои никогаш не се идентификувале со Милан. Претседателот Скарони го гледавме како се радува на Скудетото, но јас лично сум го гледал како си заминува од стадионот кога резултатот не е во наша полза. Историјата на Милан е голема и мора да се почитува“.

Често Малдини беше критикуван за доведувањето на Де Кетеларе, меѓутоа тој потсетува на фудбалерите кои тој ги довел, а значеле многу на клубот.

„Цело време трпев критики за тоа што го донесов Де Кетеларе. Од друга страна, никогаш не добив никаква пофалба што ги донесов Леао, Бенасер, Тео Хернандез… играчи што сега вредат неколку пати повеќе од онаа сума за која дојдоа во клубот“, истакна италијанската легенда.

Малдини имал план за голем успех во Европа, но не го презентирал затоа што клубот веќе ја донел одлуката да го отпушти.

„Сопствениците ми кажаа да направам план и стратегија за тимот да ја освои Лигата на Шампионите. Го направив тоа, но никогаш не го презентирав бидејќи Кардинале веќе имаше решено да ме отпушти. Фурлани ми се жалеше како клубот нема пари за летниот преоден рок… а откако ме отпуштија веднаш обезбедија двојно повисок буџет“, зборуваше Малдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот