Пановски: Скринингот во училиштата нема никаква логика, брзите тестови не детектираат асимптоматски случаи

Д-р Никола Пановски / Фото: Архива на Слободен Печат

Тестирањето за Ковид-19 требало да се прави само кај оние ученици кои имаат симптоми на вирусот, бидејќи само така може да се спречи ширењето на пандемијата во училиштата, изјави микробиологот Никола Пановски за ТВ Алфа.

Според него , скринингот во училиштата кој го спроведува Министерството за здравство нема никаква логика бидејќи брзите тестови со кои се врши тестирањето не детектирале асимптоматски случаи.

-Тие тестови јас би ги поделил во училиштата, би се направила мала обука и сите деца што сега ќе имаат настинки, бесплатно, веднаш да се тестираат. Или да се викне детето ако може или да отидат кај него дома. Тие 40.000 или колку имаат тестови. Скрининг да правиме ние на 8.000, а во Грција соседна се прави два пати неделно, на милион деца, значи два милиони неделно, ние сега на телевизија ќе гледаме како се прави скрининг. Мислам тоа е само со нешто да се занимаваме“, вели професорот Никола Пановски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот