Пановски: Ремдесивирот е опасен и токсичен

Темата што ја отвори Слободен печат поврзана со лекот „Ремдесивир“ ги даде очекуваните резултати.

Министерството за здравство денеска соопшти дека преку Европската Унија, Македонија добива брз пристап до лекот Ремдесивир.

– Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Gilead” за набавка на 500.000 дози од „Veklury”, бренд името на лекот „Ремдесивир”, со можност за дополнително зголемување на количините. Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Република Северна Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, стои во соопштението.

Лекот „Ремдесивир“ што лекува Корона не се продава во аптека

Меѓутоа лекот „Ремдесивир“ е исклучително опасен, токсичен е и има несакани дејства, вели за Слободен печат микробиологот доктор Никола Пановски.

– Веста дека овој лек го лечи вирусот ковид-19 брзо се прошири, но нагласувам дека станува збор за лек кој се употребува исклучително за тешки случаи и истиот е токсичен и предизвикува докажани несакани дејства. Нема докази дека ја намалува смртноста, но сепак го скратува лекувањето, вели др. Пановски.

Слободен печат дојде до сознанија дека овој лек голем број македонски граѓани нелегално го пренесуваат од Косово и за него плаќаат и по 500 евра. Сепак, според микробиологот Пановски, лекот дури и да може да се купи на црно, не гарантира намалување на смртноста.

„Фавира“ достапен и за Македонците на црниот пазар во Косово за 500 евра!

– Лекувањето со „Ремдесивир“ е начелно прифатено во болнички услови, но не смее да се прошири на продажба во аптеки. Како во тој случај би се контролирале граѓаните од злоупотреба на овој лек? Ако го има во аптеки, секој што е позитивен на Ковид 19 без разлика дали има симптоми или не, ќе го купи и ќе го употреби. Можеби ќе се дава и на деца, што е многу опасно. Од друга страна лекот е многу скап. Ако биде ставен на позитивна листа, државата ќе колабира, затоа да оставиме „Ремдесивирот“ да се употребува како и до сега во болнички услови, кога докторите ќе сметаат дека е неопходно, рече Пановски, кој и самиот е сопственик на аптека.

Дали овој лек се користи во лекувањето на болните од ковид-19, како се одлучува кој пациент ќе ги прими овој лек, а кој не и какви се резултатите од истиотсместени на Инфективната клиника, одговор побаравме од Директорката Милена Стевановиќ, но не добивме одговор.

Ремдесивир – од шкарт до лек за Ковид-19

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот