Пановски: Целото раководство влезе во Ист Гејт Мол без маски, протоколите ни властите не ги почитуваат

Д-р Никола Пановски / Фото: Архива на Слободен Печат

„Не се мрдна со прст на тоа што ние како најстари укажуваме, гледам дека здравствените власти како стручњаци не множат со нула, а резултати го покажуваат тоа“-рече познатиот микробиолог Никола Пановски за Студио 10, за ТВ 24.

„Кога имате проблем со лекување на пациенти, висока смрнтост во болнциите, најлесно што можете да направите е да воспоставите превентивни мерки, а не да пуштате Делта сојот да влезе брзо кај нас и да предизвика смрнтост. Од она што сега го слушам смрноста е 60%. Како една од причините ќе ги наведам дозволите за реалзиација на свдабите во затворен простор, Тука, секако е неисполента законска обврска да има протоколи. Продолжува трендот секој доктор да си лекува по свое. Ние сме земја која има многу стратегии и планови за протоколи, па дури и кога ги има ни властите не ги почитуваат“-додава докторот.

Во своето гостување истакна дека на отворање на Ист Гејт целото раководоство влегло без маски, дури ни тие самите не ги почитуваат протоколите.

Ако гледавте отворање на Ист Гејт, целото раководоство влегоа без маски. Ако следевте предизборна кампања и спотот на опозиционата партија, во тој спот 70 луѓе од кои 10 тина доктори од кои еден епидемиолог кој сега стана градоначалник се без маски, а знам дека спотот се снима најмалку три часа. И сега тие со кој образ ќе казнуваат, ќе бараат сертификати? И власта и опзоицијата со вакви потези не добија казни за тоа, ја срушија стратегијата за превенција. Замислете каде сме стигнати. Толку доктори немаат смелост на лидерот да ме кажат дека ова несмеат да го прават, а они одат и се сликаат, додава д-р Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот