Панковски: Процесите против високи владини функционери придонеле кон подобрување на перцепцијата на корупцијата

Марко Панковски – постар истражувач во Институтот за демократија вели дека подобрувањето на рејтингот во извештајот на Транспаренси интернешнл за перцепција на корупцијата, не е за занемарување.

– Очигледно одредени поместувања од аспект на инвестиција во превентивната страна на борбата против корупцијата, проактивноста на Антикорупциската комисија или можеби процесите против високи владини функционери придонеле кон подобрување на перцепцијата. Сепак, тешко е да се каже колку тоа поместување реално влијае врз општиот амбиент во борбата против корупцијата и чувството кај граѓаните дека нешто се менува, изјави Панковски за „Слободен печат“.

Подобрувањето на човековите права, последните избори, реформските процеси, судските постапки за случаи на висока корупција, работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата и Акцискиот план за борба против корупцијата се причините поради кои Македонија годинава доби четири индексни поени повеќе и скокна за 24 места на индексот на корупција на Транспаренси интернешнл. По неколкугодишен пад на оваа листа, ова е напредок, но државата сепак е на ниското 87. место од вкупно 180, во друштво на Колумбија, Етиопија, Гвајана, Косово, Мароко, Суринам, Танзанија и Виетнам, кои се со ист број на поени.

За опозицијата овој извештај е потврда дека „со криминалниот хибриден режим на СДСМ и ДУИ не може да се отстрани корупцијата“, а за СДСМ скокот на индексот е доказ дека владините напори даваат резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот