Пандев трет на вечната листа за најмногу настапи во Серија А

Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Словенечкиот голман Самир Хандановиќ во неделата го имаше јубилејниот 500 настап во дресот на Интер.

Потсетување дека „неро-аѕурите“ во дербито на најквалитетната италијанска лига славеа со 3:1 против Лацио за враќање на врвот во генералниот пласман.

Од странците Хандановиќ се наоѓа на второто место на вечната листа за најмногу настапи во Серија А.

На првото место е аргентинската легенда Хавиер Занети кој застана на 618, а македонскиот репрезентативец Горан Пандев има досега 461 настап.

На оваа листа и натаму активни се само Хандановиќ и Пандев:

1.Хавиер Занети (Аргентина, 618 настапи)
2.Самир Хандановиќ (Словенија, 500)
3.Горан Пандев (Македонија, 461)
4.Марек Хамшик (Словачка, 409)
5.Курт Хамрин (Шведска, 400)
6.Кларенс Сидорф (Холандија, 396)
7.Нестор Сенсини (Аргентина, 384)
8.Давид Пизаро (Колумбија, 381)
9.Фелипе (Бразил, 376)
10.Дејан Станковиќ (Србија, 368)

Пандев: Срамно и жално, уште еднаш докажавте дека вие не сте фудбалски луѓе!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот