ВИДЕО: Лукаку го враќа Интер на врвот во Серија А!

Ромелу Лукаку очајно сака да се врати во Интер/ фото: EPA-EFE/Sascha Steinbach

Вечерва во дербито одиграно на „Џузепе Меаца“ во Милано екипата на Интер триумфираше над Лацио со 3:1 (2:0).

Новата лигашка победа на „неро-аѕурите“ ја најави белгискиот интернационалец Лукаку кој стрелаше двапати во првото полувреме.

Во 61 минута намали римскиот клуб со погодокот на Ескаланте, а само 180 секунди подоцна третиот гол на домаќините беше дело на Мартинез после асистенцијата на Лукаку.

После вчерашниот пораз на Милан од Специја, на табелата во Серија А повторно води екипата на Конте со 50 бодови, еден повеќе од „росонерите“.

Токму Милан и Интер за седум дена ќе ги одмерат силите, битка која може да биде многу важна на патот кон Скудетото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот