Памела Андерсон снима документарен филм за нејзините шест неуспешни бракови
Памела Андерсон со светот ќе ги сподели деталите од нејзиниот приватен живот. 55-годишната актерка сними документарец за себе за Нетфликс со наслов Pamela, „A Love Story“, а содржината ќе пристигне на платформата на 31 јануари.
Препорачано

Документарецот е составен од искрени признанија за нејзините шест неуспешни бракови, а ќе го продуцираат нејзините сега веќе возрасни синови Брендон и Дилан Ли, кои ги има со Томи Ли. Токму тие ја убедија да ја сподели својата приказна.

„Споделувањето на мојата приказна е пред сè возбудливо. Моите деца продуцираат документарен филм за Нетфликс и мемоарите се навистина терапевтски. Го напишав минатата година, а исто така ја пишувам и мојата биографија“, рече ѕвездата од серијата „Бејвоч“. .

Дополнително, документарецот пристигнува како одговор на серијата „Pam & Tommy“, која го прикажува животот на Пем со акцент на украдената секс снимка на која се гледа со нејзиниот тогашен партнер Томи. Со новиот документарец и книга, Андерсон сака да им го покаже на луѓето сопствениот живот од нејзина перспектива.


