Пакистанска крвава свадба – бомбаш самоубиец се фатил за орото и однел 7 животи

Бомбаш самоубиец денеска се разнел на една свадба на северозападот на Пакистан, при што загинале најмалку 7 лица, а повредил 25, соопшти полицијата, пренесе „AP“.

Експлозијата се случила во куќата на Нур Алам Мехсуд, провладин функционер во Дера Исмаил Кан, место во провинцијата Хајбер Пахтунхва, изјави началникот на локалната полиција Аднан Кан.

Тој додаде дека полицајците ги пренесуваат загинатите и повредените во болница.

Засега ниту една милитантна група не ја презела одговорноста за нападот, а постои сомнеж дека станува збор за пакистанските талибанци (ТТП), кои во последните неколку години извршиле бројни напади низ земјата и соработуваат со авганистанските талибанци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот