Фото: илустрација

Падна крв на куќна слава во Крушевац – гостите се скарале, па се распукале со пиштоли

Според неофицијални информации, на пукањето му претходела жестока расправија која набргу прераснала во физичка пресметка.

Припадници на Министерството за внатрешни работи во Крушевац, Србија, уапсија маж (45) од околината на овој град, поради сомнение дека синоќа, за време на прослава на крсна слава, со огнено оружје ранил 26-годишен сограѓанин, објави „Србија Данас“.

Според неофицијални информации, на пукањето му претходела жестока расправија која набргу прераснала во физичка пресметка.

Осомничениот се товари дека во екот на конфликтот потегнал огнено оружје и испукал повеќе куршуми во правец на дваесет и шестгодишниот маж.

– Жртвата е погодена во пределот на раката и стомакот. За среќа, по лекарскиот преглед е констатирано дека станува збор за лесни телесни повреди – наведува извор близок до истрагата.

Полицијата веднаш по пријавата излегла на местото на настанот и го лишила од слобода напаѓачот.

По налог на Вишото јавно обвинителство во Крушевац, на осомничениот му е определено полициско задржување до 48 часа. Тој во законскиот рок, со кривична пријава, ќе биде приведен кај надлежниот обвинител на сослушување.

Истрагата е во тек и таа ќе ги утврди сите околности што довеле до овој инцидент, како и дали оружјето било во нелегален посед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот