Пациентка за која лекарите се сомневаат дека е заразена со коронавирус избегала од болница во Австрија

Анализите за тоа дали пациентката е заразена со коронавирус или не ќе бидат завршени со попладневниот период.

Една пациентка, за која постојат сомненија дека е инфицирана со коронавирус, побегна од оделението за изолација во Салцбург.

Болницата ја информирала полицијата, која сега трага по побегнатата пациентка.

Анализите за тоа дали пациентката е заразена со коронавирус или не ќе бидат завршени со попладневниот период.

Таа во вторникот со возило на Итната помош е пренесена во болницата, но за време на ноќта ја наупуштила здравствената установа без договор со персоналот кој работи таму.

Жената на 7 јануари патувала од Тајван кон Нов Зеланд, од каде пред извесен период се вратила во Австрија.

За време на летот кон Австрија таа се соочила со проблеми со дишните органи. Бидејќи ги информирала надлежните дека има симптоми како кашлица, за неа било подготвено специјално возило кое ја преземало веднаш по слетувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот