Пациент скокнал од шестиот кат на Торакална клиника и си го одземал животот

Пациент скокнал од шестиот кат на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија во Скопје во петокот и си го одземал животот. Случката предизвикала огромна вознемиреност кај медицинскиот персонал кој останал во шок и неверување. Среде бел ден, без ништо да наговести дека ќе се случи трагедија, пациентот си го одземал животот.

Директорот на Клиниката доктор Неџати Јакупи вели дека вакво нешто првпат се случува на Клинички центар.

– За жал, точно е. Во петокот се случи овој немил настан и сите сме во неверица. Пациентот беше опериран од карцином на бел дроб, беше повозрасен човек од над 60 години. Имал и претходно депресии. Наредниот ден требаше да се пушти дома после операцијата, беше опоравен а операцијата успешна. Но, за жал скокнал низ прозорецот од шестиот кат а ништо не го наговестуваше тоа, изјави доктор Јакупи за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот