ОВОЈ разговор со децата сите родители задолжително треба да го обават

На родителите главно им е непријатно со децата да зборуваат за сексуалните односи, па ја избегнуваат таа тема, но отворениот разговор за тоа е најдобриот начин за спречување на несаканата бременост и полово преносливите болести, покажуваат истражувањата.

Некои родители воопшто не разговараат за тоа со децата, други разговараат во „завиткана форма“, но отворениот разговор, колку и да е непријатен, води до безбедна сексуална пракса и нема да ги наведе тинејџерите рано и небезбедно да стапат во сексуални односи, како што многумина мислат.

Тим од истражувачи во 31 студија анализираше повеќе од 12,400 млади, на старост од 9 до 18 години, а просечната возраст е 12 години.

Оние деца кои разговарале со своите родители се посклони кон употреба на презервативи, отколку оние кои не го обавиле тој разговор.

Научниците исто така тврдат дека оваа тема најмногу ефект има кај децата кои имаат 14 или помалку години.

Со други зборови, децата со кои родителите разговарале за тоа не станале сексуално активни ништо порано од оние кои не разговарале, затоа не се плашете да разговарате со своите деца бидејќи разговорот не води кон тоа тие што порано да станат сексуално активни, туку ќе ги заштитите од болести, бременост, грешки и проблеми за кои тие не се ни свесни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот