Овие жени се глава на семејството, а веќе на 13 години добиваат соба за љубовник

Фото: Wikimedia Commons

Племето Мосуо е познато како кралство жените и се смета за можеби последен матријархат во светот.

Имено, во ова племе жените се тие кои носат одлуки и кои се на чело на семејството. Секое семејство има 10 или повеќе членови, но целиот имот е во рацете на жените. Специфично за ова племе е тоа што практикува еден вид „отворен, либерален, брак“, каде на жените им е дозволено да имаат колку што сакаат љубовници.

Фото: Wikimedia Commons

Всушност, тие не се обврзани со традиционален брак, туку мажите кои жената Мосуо ги посакува, ноќе доаѓаат во нејзината куќа, ја поминуваат ноќта со неа, а куќата мора да ја напуштат пред зори. Ако жената не сака врска со својот досегашен избраник, таа симболично става машки чевли пред својата врата, давајќи им до знаење дека неговото место е заземено. Од друга страна, кога жените од племето сакаат да му покажат на мажот дека се заинтересирани за него, таа ќе ја остави вратата отворена за тој да ја посети ноќе.

Ако од една таква врска се роди дете, тоа дете го воспитува мајчиното семејство и го добива мајчиното презиме, а татковците имаат минимален или речиси никаков контакт со децата. Токму затоа во нивниот јазик не постои збор за татко или за сопруг. Најголемиот машки пример за овие деца е вујкото, кој во ова општество има подобра позиција од биолошкиот татко на децата. Вујковците се тие што се грижат за децата на сестрата, а кога вујковците ќе остарат, братучедите ја преземаат грижата за нив.

Фото: Wikimedia Commons

Инаку, во минатото, племето Мосуа било прилично изолирано и немало речиси никаков контакт со надворешниот свет. Меѓутоа, во последните години, нивното место стана позната туристичка дестинација и тие полека се отвораат кон светот.

Всушност, тие се покажале како исклучително гостопримливи. Иако, многумина сметаат дека племето Мосуа е последниот матријархат во светот, факт е дека не можете да ја споредите нивната заедница со остатокот од светот, бидејќи тие се долго време изолирани, а со самото тоа не можат да се споредуваат со вредностите на западниот свет.

Племето Мосуо и денес е многу силна заедница и секогаш членовите на племето ги ставаат на прво место во однос на странците и туристите. За разлика од останатиот дел од Кина каде женските деца се генерално непожелни, овде е пожелно да добиете ќерка, бидејќи тие се поценети од мажите.

Фото: Wikimedia Commons

Според правилата на племето, на девојчињата не им е дозволено да носат здолниште сѐ до 13-годишна возраст, кога официјално се „воведени во општеството“ и оттогаш мајките им даваат посебна просторија каде што ги носат своите љубовници. Интересно е што жената никогаш нема да зборува за своите интимни работи во присуство на маж, бидејќи интимноста е резервирана исклучиво и само за жените.

За разлика од многу општества ширум светот каде мажите го имаат главниот збор, во племето Мосуо кое живее во подножјето на Хималаите, жените се глава на семејството. Оваа е мала етничка заедница која живее во провинциите Јунан и Сичуан во Кина, во близина на границата со Тибет. Се состои од население од околу 40.000, од ​​кои многу живеат околу езерото Лугу, кое се наоѓа високо на Хималаите. Племето Мосуо има прилично долга историја, која датира од пред 2000 години. Она што е специфично за ова племе е дека тие отсекогаш ја негувале културата и традицијата на матријархатот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот