Овие 5 милијардери изгубија рекордни суми во 2022 година

Илон Маск/Џеф Безос/Марк Закерберг/Фото: EPA/PETER FOLEY/EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS/ЕПА

Илон Маск стана првиот човек во историјата кој изгубил повеќе од 200 милијарди долари, но тој не е единствениот милијардер кој во претходната година се соочил со огромни загуби.

Имено, како што пишува „Форбс“, во 2022 година се изгубени рекордни суми, а дури 378 милијарди долари отишле „во ветар“.

Илон Маск

 

View this post on Instagram

 

A post shared by elonmusk (@elonmusk)


Според индексот на милијардери на „Блумберг“, Маск вреди 137 милијарди долари, што е доволно за второто место на рангирањето на најбогатите луѓе во светот, веднаш зад претседателот на ЛВМХ, Бернард Арно. Но, пред нешто повеќе од еден месец тој беше на првото место, а тогаш неговата нето вредност изнесуваше 340 милијарди долари.

Најголем дел од загубите се поврзани со „Тесла“, чии акции паднаа за 65 отсто во 2022 година. Многумина за тоа го обвинуваат самиот Маск, чија репутација се наруши откако го купи „Твитер“. Постојаното твитнување и непредвидливото однесување на Маск ги вознемири инвеститорите на „Тесла“, а тој се бранеше од таквите критики тврдејќи дека не пропуштил ниту еден голем состанок на „Тесла“ откако го презеде „Твитер“.

Да потсетиме, откако Маск го купи „Твитер“ во октомври и воведе низа драстични промени со отпуштање на речиси половина од вработените, многу вработени решија да дадат отказ бидејќи не се согласуваа со условите на Маск.

Маск, наводно, престанал да им плаќа на хигиеничарките кои работеле во седиштето на „Твитер“ во Сан Франциско, што довело до тоа канцелариите да смрдат од остатоците од храна, а персоналот почнал да си носи сопствена тоалетна хартија.

Џеф Безос

Фото: Профимедиа

Џеф Безос изгуби 85 милијарди долари во 2022 година бидејќи акциите на „Амазон“ паднаа за 50 отсто. „Амазон“ влезе во 2022 година со цена од 170 долари по акција, за потоа да падне на 102 долари на 14 јуни.

Безос на крајот на минатата година објави дека најголемиот дел од своето богатство планира да го даде во добротворни цели, а во таа одлука го поддржала неговата сегашна девојка Лорен Санчез.

Не е јасно кога точно бизнисменот почнал да излегува со Санчез, но тие наводно се вљубиле уште додека тој бил во брак со Мекензи Скот, а Лорен била во брак со извршниот директор на холивудската агенција ВМЕ Патрик Вајтсел. Безос се разведе во 2019 година и тоа е една од најскапите бракоразводни парници на сите времиња.

Марк Закерберг

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)


Марк Закерберг загуби 77 милијарди долари, додека акциите на неговата социјална мрежа паднаа за 64 отсто. Мета платформите (Фејсбук) влегоа во 2022 година со 339 долари по акција пред да паднат на 156 долари на 22 јуни. Во меѓувреме, цените делумно се обновија, но сепак сѐ уште станува збор за голем минус.

Закерберг и неговата сопруга, 37-годишната филантропка и поранешна педијатарка Присила Чен, неодамна го објавија доаѓањето на нивното трето дете, но како што споменаа претходно, не планираат најголемиот дел од своето богатство да го остават на своите деца, туку да го дадат во добротворни цели.

Заедно, тие ја започнаа иницијативата Чен Закерберг, организација посветена на „персонализирано учење, лекување на болести, поврзување луѓе и градење силни заедници“ и рекоа дека 99 отсто од нивните акции на „Фејсбук“ ќе инвестираат во таа кауза.

Лери Пејџ и Сергеј Брин

Фото: Профимедиа

Ко-основачите на „Гугл“, Лери Пејџ и Сергеј Брин поединечно изгубија речиси 45 милијарди долари, додека акциите на компанијата сега позната како „Алфабет“ потонаа за 39 отсто.

Брин неодамна се најде во центарот на скандал кога се шпекулираше дека неговата сопруга Никол Шанахан имала афера со Илон Маск, поради што Брин наводно поднел барање за развод.

Според извештаите, Маск и Брин биле блиски пријатели со години. Брин, осмата најбогата личност во светот, дури и финансиски му помогнал на Маск за време на економската криза во 2008 година.

Маск се пишмани за купувањето на Твитер, авантурата може да го чини милијарда долари

Марк Закерберг и Бил Гејтс ќе дадат 25 милиони долари за борбата против коронавирусот

Илон Маск – Човекот кој лани изгуби повеќе пари од било кој друг во историјата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот