Маск се пишмани за купувањето на Твитер, авантурата може да го чини милијарда долари

Profimedia
Фото: Профимедиа

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, се откажува од намерата да го купи Твитер за 44 милијарди долари, која ја најави пред неколку месеци, пишува „Вашингтон Пост“.

Милијардерот поднел пријава до американската Комисија за хартии од вредност во петокот. Адвокатите на Маск испратиле писмо до Твитер во кое се вели дека тој „го раскинува договорот за спојување“, се вели во поднесокот.

Маск тврди дека има право да се откаже од договорот, бидејќи Твитер не му дал доволно информации за финансиската состојба на компанијата.

Но, правните експерти велат дека Маск не може туку-така да се повлече од договорот. Во април, тој се обврза да продолжи со процедурата за купувањето на акциите, со назнака „освен ако не дојде до голема промена во бизнисот“. Правните експерти велат дека ништо не се случило за да се исполни тој праг.

Маск претходно се закани дека ќе го поништи договорот ако Твитер не му даде повеќе податоци за да изврши сопствена анализа за тоа колку спам-ботови има, додека Твитер одби да ги открие личните информации на своите корисници како нивните имиња, мејлови и ИП-адреси, кои мрежата ги користи за да дојде до сопствени проценки околу бројот на ботови (лажни акаунти).

Маск и Твитер не одговорија засега не ги коментираат новите информации.

Не е јасно што ќе се случи следно, иако експертите велат дека голема правна битка најверојатно ќе се случи доколку Маск сериозно се обиде да се откаже од зделката. Во соопштението минатиот месец, Маск наведе:

„Ние имаме намера да ја затвориме трансакцијата и да го спроведеме договорот за спојување по договорената цена и условите“.

Дури и ако Твитер го прифати неговиот аргумент, Маск најверојатно ќе мора да плати казна за раскинување на договорот, која може да изнесува и милијарда долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот