Овие 3 хороскопски знаци можат истовремено да сакаат две лица

Според психолозите, вљубувањето во две лица истовремено е можно. Да сакате повеќе луѓе во исто време значи да бидете отворени за истражување на вашите чувства, но со тоа, секако ја ставате на тест (и на ризик) вашата врска. 

Астролозите се согласуваат дека не е невообичаено да се сакаат две лица, силно, истовремено. Но, тоа не важи за сите хороскопски знаци. На пример, родените во знакот на Бик или Скорпија, обично ќе ја вложат целата своја енергија само во едно лице. Но, постојат и хороскопски знаци кои се природно склони на сакање на повеќе лица истовремено.

Еве ги трите хороскопски знаци кои најлесно можат да си го поделат срцето на две или три лица.

Близнаци

Близнаците се самите претставени од две лица – близнаци, што значи дека имаат најмалку две страни на нивната личност. Овој воздушен знак избира да негува повеќе релации одеднаш затоа што секоја личност им дава шанса да откријат или разбудат различни аспекти кај себе. На пример, тие можат да навлезат подлабоко во интровертната верзија од себе преку една врска, и истовремено, да ја откриваат екстровертната верзија од себе преку друга врска. Ваквите двојни врски за Близнаците се многу интересни, сè додека не влијаат на врската или додека емоционално не повредат некого.

Вага

Знакот управуван од Венера, Вагата, ќе направи сè за љубовта, сензуалноста, романсата и постојано е во потрага по префинети нешта во животот. Вагите се одлични партнери и ќе сторат сé што можат за нивниот партнер да се чувствува посебно. Сепак, бидејќи во себе имаат премногу љубов за делење, Вагите лесно можат да влезат во две или три паралелни врски. На крајот, Вагата е воздушен знак, па така и природно припаѓа на флертувачите, а родените во овој знак и природно се надарени лесно да ги шармираат другите. Недостатоци? Вагите се многу неодлучни. Додека Близнаците ќе се чувствуваат убаво и исполнето сакајќи две лица истовремено, Вагата ќе се соочува со своите внатрешни борби – кого ли да одбере?!

Риби 

Рибите можат да се вљубат во речиси секој што ќе го сретнат. Под владетелство на Нептун, планетата на соништата, илузијата и фантазијата, за нив е лесно да ја романтизираат секоја средба што ќе им се случи. Тие се од оние што ќе продолжат, секој вторник навечер, да одат во исто кафуле, само затоа што веруваат дека симпатичниот келнер/ка е нивна сродна душа, иако меѓусебно едвај си размениле по некој збор. Бидејќи Рибите живеат длабоко во согласност со сопствените емоции, тие се подготвени да истражуваат нови, подлабоки емоции, преку различни врски со повеќе луѓе одеднаш. Дали можат да се вљубат истовремено во две лица? Секогаш. Но, многу бргу се заситуваат од добиените емоции, па повторно поаѓаат во потрага по нови, и затоа подеднакво лесно се одвљубуваат. Воопшто не е чудно да се вљубат „до уши“ во некој нов партнер, додека сè уште се вљубени „до уши“ во сегашниот и во поранешниот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот