Овчар од Албанија: Ме држат како заложник во Топлица, Гостивар

Фото: Принтскрин

Џевахир Хоџа, е еден од неколкуте Албанци кои избраа да работат на кое било поле надвор од Албанија за да обезбедат приходи за попристоен живот. Но, и покрај напорите за пет месеци во гостиварско Топлица, тој не само што не ја добил платата и долгот за сработеното во период од четири години, туку вели дека не му е дозволено да се врати во неговиот крај во Албанија.

„Дојдов да ги земам парите за сработеното четири години како овчар. Пет месеци сум тука. Не ми дозволуваат да се вратам во моето село Џир, Либражд (Албанија). Од јануари сум во Гостивар, ниту една плата не ми е исплатена“ – изјавил Хоџа за албанската телевизија Ора Њуз, пренесува „Слободен печат“.

„Кажете им на браќата да дојдат и да ме земат затоа што тој нема да ме пушти, ме држи како заложник”, додава тој.

Членовите на неговото семејство го потврдија губењето на контактот со Џевахир и неговата приказна.

„Пројдоа четири месеци од кога тој замина да ги добие парите и сега е во заложништво”, велат од неговото семејство.

Неговиот брат вели дека тој сè уште не го пријавил случајот во полиција, и дека не знае како да ја реши оваа ситуација.

„Не знам што да правам. Тој замина во јануари, сега е мај, четири месеци поминаа. Ние воопшто не комунициравме“, рече братот на Џевахир.

Ора Њуз успеа да го пронајде контактот на сопственикот на фармата каде работи Џевахир Хоџа, но тој не одговорил на телефон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот