Фото: Архива

Оваа земја е најпосакуваната дестинација за преселба во 2025 година: Над 250.000 луѓе месечно бараат начин да се преселат

Без разлика дали станува збор за потрага по подобро време, пониски трошоци за живот или едноставно желба за запознавање нова култура, експертите од компанијата 1st Move International составија листа на најпосакуваните дестинации за живеење во светот, пишува Daily Mail. Анализата на глобалните податоци од пребарувањето на Google покажа дека Канада го зазема првото место втора година по ред, со вкупно 269.220 пребарувања поврзани со преселба само оваа година. Оваа популарна дестинација, која ги надмина 74 други земји вклучени во истражувањето, продолжува да привлекува луѓе со своите прекрасни природни пејзажи и висок квалитет на живот.

Канада има повеќе езера од остатокот од светот заедно и најдолга крајбрежна линија во светот, што ја прави рај за љубителите на природата и патниците. Кошарката е измислена во Канада – ја измислил Канаѓанецот Џејмс Најсмит во 1891 година. Квебек Сити е единствениот целосно затворен (ограден) град во Северна Америка. Канада произведува околу 70% од светскиот јаворов сируп, главно во покраината Квебек.
Младите Канаѓани (генерација Z) особено ја ценат различноста, одржливоста и општественото влијание, а 71% од нив веруваат дека можат да го променат светот. Речиси 99% од лицата на возраст од 18 до 24 години користат социјални медиуми, што ја прави Канада една од најдигиталните земји.

Веднаш зад Канада е Австралија, која привлече 207.900 пребарувања со своите прекрасни плажи и опуштен начин на живот. Третото место го зазеде Ирска со 179.400 пребарувања, по што следуваат Нов Зеланд со 177.700 и Јапонија на петтото место со 172.880 пребарувања. Португалија, Костарика, Шпанија, Холандија и Тајланд исто така беа меѓу првите десет- пишува Блиц.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот